Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дибиров и Шишкарев со Русија го освоија “Yellow cup“
Дибиров и Шишкарев со Русија го освоија “Yellow cup“

Дибиров и Шишкарев со Русија го освоија “Yellow cup“

Руската сенирски селекцијa во која главната улога ја имаат четворица претставници на Вардар се избори за победа од 30:29 во финалето на „Yellow cup“. “Зборнаја” беше пoуспешна во дуелот  против репрезентацијата на домаќинот, Швајцарија.

Во интересен натпревар рускиот тим забележа триумф, па на најдобар можен начин ги најавија квалификациите за бараж за С.П. Тимур Дибиров постигна пет гола, со кои беше втор стрелец во овој дуел од финалето на турнирот, додека Данил Шишкарев беше прецизен само еднаш. Селекторот Кокшаров и неговиот помошник Давид Дејвис завршиле одлична работа бидејќи ја креваат формата на своите момци и ова може да биде добро пред продолжувањето на квалификациите.