Додека поголемиот дел од фудбалерите на Вардар одмараат, Владица Брдаровски дел од времето го користи за тренинг и целосно враќање на терените по незгодната повреда која ја доби уште на дуелот со Зенит во Скопје.
Во друштво на нашиот фудбалер е Стефан Спировски екс колегата на Брдаровски кој за жал не е повеќе дел од Вардар. Брдаровски се враќа на тренинзите на екипата на 7-ми јануари.