Руската ракометна репрезентација се наоѓа на турнир во Швајцарија, „Yellow Cup“, на кој се натпреваруваат уште и селекциите на Србија, Романија и Швајцарија.
Русија чиј селектор е Едуард Кокшаров, а негов помошник Давид Дејвис победи на отварењето на турнирот и тоа убедливо против селекцијата на Романија. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 25:18, а Русија имаше прдност во текот на целиот натпревар. Под водство на новиот тренерски тандем, Русија се уште не се знае за пораз и игра многу сигурно. Најефикасен играч во триумфот над Романија беше токму Тимур Дибиров кој постигна шест голови. Во првото коло на турнирот, домаќинот Швајцарија ја совлада селекцијата на Србија (33:28).
Вечерва Русија игра натпревар против домашната селекција на Швајцарија.