Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КК Вардар заминува на пауза како второпласиран

КК Вардар заминува на пауза како второпласиран

Кошаркарите на Вардар играат одлично во втората кошаркарска лига на Македонија. Црвено – црните играчи изминатиов викенд се прошетаа низ Тетово кај тимот на КК Тетекс. Овој дуел како гостин нашиот црвено – црн тим го доби со резултат 61-87.

Со оваа победа, Вардар сега е на скор од седум победи и само еден пораз со што се наоѓа на втората позиција одма зад тимот на КК Водњански лисици кој засега има осум од осум.

Следува пауза се до 10. февруари кога започнува и вториот дел од шампионатот.