Saturday ,19 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Борозан најдобар спортист на Црна Гора за 2017 година!
Борозан најдобар спортист на Црна Гора за 2017 година!

Борозан најдобар спортист на Црна Гора за 2017 година!

Наградите за играчите на Вардар пристигнуваат од сите страни, денеска нова награда и признание доби еден од најдобрите ракометари на Вардар, Вуко Борозан.

Нашиот бек шутер доби огромно признание од својата земја, тој беше избрани за најдобар спортист на Црна Гора за 2017 година. Оваа награда Борозан ја доби во избор на олимпискиот комитет на оваа земја.

Свеченото доделување на признанието за Борозан ќе се случи в четврток во Подгорица. Му честитаме на нашиот играч за ова големо признание.