Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Карачиќ: Имам договор до следната натпреварувачка сезона и сигурно останувам до тогаш во Вардар
Карачиќ: Имам договор до следната натпреварувачка сезона и сигурно останувам до тогаш во Вардар

Карачиќ: Имам договор до следната натпреварувачка сезона и сигурно останувам до тогаш во Вардар

Во интервју за хрватски медиум „Свет на ракометот“, средниот бек на Вардар, Игор Карачиќ говори за успехот на Вардар во годината која полека изминува. Црвено-црните успеаа да освојат четири трофеи, од кои најголемиот беше оној во Лигата на Шампионите.

-Пречекот после освојување на Лигата на Шампионите беше навистина оригинален, не пречекаа повеќе од 100.000 луѓе, од кои некои висеа од крововите на куќите за да не видат. Се уште не можам да сфатам што направивме, можеби кога ќе ја завршам кариерата ќе ми биде јасно. Моментално го живеам својот сон со отворени очи.

18952805_10155803111520348_979575912873948173_n

Вардар ја заврши полусезоната во ЛШ и СЕХА без ниту еден пораз, а примарна цел на екипата е најпрво да се стигне до завршниот турнир во Келн, а дури потоа ќе се мисли на следните предизвици.

Тоа е веќе зрел тим и “машинерија“, што е резултат на напорна работа која траеше повеќе од четири години. Направивме огромен успех за македонскиот спорт, колку се ценеше тоа во земјата се види по тоа што државата ги одликуваше Македонците од екипата. Не сакам уште од сега да зборувам за одбрана на Европската титула, најпрво императив на Вардар е да се пласира на завршниот турнир во Келн. Сепак се надевам дека нема да застанеме тука. Не чека пауза во Лигата на Шампионите до февруари и ќе се обидеме што подобро да се подготвиме за наредните предизвици. Ќе одиме чекор по чекор, како што беше случај и минатата сезона. 

Карачиќ најави дека и следната сезона ќе остане во црвено-црниот дрес и ќе остане достоен на договорот што го има со Вардар.

-Имам договор до следната натпреварувачка сезона и сигирно останувам до тогаш, после тоа се е “магла“ и ќе видиме што ќе се случи. После крајот на оваа сезона ќе се случат промени во играчкиот кадар. Многу играчи ќе си заминат, но очекувам и нови засилувања, истакна Карачиќ.