Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Јаневски: Ќе направиме се да се задржи најдоброто во моментов, и да бидат донесени вистински засилувања
Јаневски: Ќе направиме се да се задржи најдоброто во моментов, и да бидат донесени вистински засилувања

Јаневски: Ќе направиме се да се задржи најдоброто во моментов, и да бидат донесени вистински засилувања

Тимот на Вардар ја комплетираше есенската полуетапа. Нашите играчи оваа есен настапија дури на три фронта. За клубскиот сајт, тренерот на Вардар, Чедомир Јаневски говори за изминатата есен и случувањата напролет.

Како е задоволен шефот на стручниот штаб на Вардар Чедомир Јаневски од штотуку завршената полусезона која што финишираше со пласманот во 1/4 финалето од Купот на Македонија?

„Од кога јас сум дојден како тренер на Вардар, сметам дека за мене ова ќе беше перфектна полусезона доколку имавме уште една победа плус во првенството, односно еден пораз помалку и да заостанувавме пет бодови од првото место. Сега заостануваме осум бодови, тоа е голема разлика, но има уште 54 поени за освојување во вториот дел од првенството. Доколку имавме една победа плус би бил супер задоволен, но и вака сум задоволен затоа што не беше лесно да се игра на три фронта, и тоа прв пат еден македонски тим се соочи со тој предизвик. Мора да бидеме задоволни и да мислиме за вториот дел од сезоната, да се подготвиме добро и да атакуваме на успех и во првенството и во Купот“, изјави Јаневски.

Што му треба на овој Вардар за да биде посилен, односно каде тимот треба да се засили во пресојниот преоден рок?

„Ќе седнеме, ќе разговараме сите во клубот и ќе видиме што е потребно за вториот дел од сезоната. Има и некои млади играчи кои полека доаѓаат во првиот тим. Низ овој есенски дел никој не очекуваше можеби Тодороски да одигра толку натпревари, Стојчевски исто така имаше солидна минутажа. Ќе направиме се да се задржи најдоброто во моментов, и да бидат донесени вистински засилувања. Мора да напоменам дека во зимскиот преоден рок не само за Вардар, туку и за сите екипи е тежок период, затоа што во тој момент ретко на кои играчи им истекуваат договорите и се слободни, односно на речиси сите фудбалери им истекуваат договорите по завршувањето на сезоната. Но, ќе видиме што е неопходно и ќе го засилиме тимот за последните два круга од првенството“, рече Јаневски.