Дисциплинската комисија на ФФМ одлучи да го казни Вардар со високи 1.500 евра за случувањата на вечното дерби меѓу Вардар и Пелистер.
Оваа одлука Дисциплинската комисија на ФФМ ја донесе бидејќи на дуелот Вардар – Пелистер беа запалени факели од страна на навивачите на Вардар.
На тој натпревар Комитите го славеа својот 30. роденден.