Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Стојанче Стоилов во ТОП-10 најдобри спортисти на Балканот, за 2017 година
Стојанче Стоилов во ТОП-10 најдобри спортисти на Балканот, за 2017 година

Стојанче Стоилов во ТОП-10 најдобри спортисти на Балканот, за 2017 година

Според изборот на бугарската новинска агенција (БТА), капитенот на Европскиот ракометен шампион, Стојанче Стоилов се најде во ТОП-10 најдобри спортисти на Балканот, за 2017 година. Во овој избор глсаат новински агенции од регионот, а токму Стоилов со 16 освоени бодови се најде на десеттото место на најдобрите спортисти на Балканот. Првото место му припадна на бугарскиот тенисер Грегор Димитров, додека втора е романската тенисерка Симона Халеп. Ова е големо признание за капитенот на Вардар, кој успеа со клубот да стане Европски шампион и да освои уште три трофеи, од кои два беа во националното првенство и куп, додека еден беше оној во СЕХА-лигата, што беше и најсупешната година во историјата на РК Вардар.

Интересно во овој избор се најдоа и Лука Модриќ од Реал Мадрид, потоа нашиот Перо Антиќ, како и српскиот кошаркар, сегашен член на Сакраменто Кингс, Богдан Богдановиќ.