Европското првенство во женска кошаркарска конкуренција за дами до 18 години ќе се одржи во Скопје од утре, 5-ти до 14 јули. Во стручниот штаб доминираат црвено-црните, па денес Кошаркарскиот клуб Вардар со гордост го потенцираше тој факт. Во нивната објава се вели:
Жаклина Стојановска (селектор), Благоја Трифуновски (асистент), Емилија Никочевиќ (физиотерапевт) – се ВАРДАРЦИТЕ кои де дел од стручниот штаб на репрезентацијата на Македонија – У18 жени. Европското Првенство ќе се одржи во Скопје од 05-14 Јули. Ние сме гордо семејство што на кормилото на овој тим стои нашиот тренер на сениорките.