Кугларска федерација на Македонија на својата официјална страница ги потврди сите трансфери овој преоден рок. Па така регистрационата комисија при КФМ ги уважи 4те барања за промена на клуб доставени во преодниот рок. Двата играчи на Вардар се верификувани, малтене половина од трансферите се дело на црвено-црниот клуб овој летен преоден рок. Потврдени се следните траснфери:
1. Владан Мацановиќ од ГТЦ Мусандра во 18 Август 2016
2. Марко Стојменовски како слободен куглар во Макпетрол
3. Зоран Ристиќ од 18 Август 2016 во Вардар 2014
4. Милош Миливојевиќ од Медвешчак Загреб во Вардар 2014
Воедно е издадена прва регистрација за 13 членки на новоформираниот женски кугларски клуб Пелистер-ТС Холдинг од Битола.