Вардар е голем клуб во кој играат врвни играчи, но и мотиватори, кои го подигнуваат тимот и кога не оди најдобро на теренот. Такви примери се Чупиќ, Карачиќ, Стоилов и.т.н.
Македонскиот „лав“ и капитен на Европскиот Шампион, Стојанче Стоилов е иконата на екипата, исто така голем мотиватор и поддршка за соиграичите. Еве едно видео, од реванш дуелот против Пик Сегед, кога Вардар беше во негатива, но Стоилов со еден негов гол и реакција, започна полека да го врти мечот.