Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Slider > (ВИДЕО) Писонеро и Гонзалез, како Карачиќ и Столе
(ВИДЕО) Писонеро и Гонзалез, како Карачиќ и Столе

(ВИДЕО) Писонеро и Гонзалез, како Карачиќ и Столе

Шпанската врска во Вардар и натаму продолжува, што се однесува до позицијата главен тренер во редовите на Европскиот Шампион. После Раул Гонзалез, Гарсија Парондо, па и Давид Дејвис кој беше помошен тренер, од клубот се одлучија во новата сезона шанса на клупата да добие уште еден стратег од оваа земја, се работи за Давид Писонеро.

Писонеро имал активна играчка кариера, околу 12 години, од кои најголем дел ги поминал во тимот на Ваљадољид, каде има играно заедно со Раул Гонзалез. Дали сте знаеле, дека Давид Писонеро како играч настапувал на позицијата пикер. Имаме видеа од периодот кога Писонеро и Гонзалез играа во Ваљадољид и две нивни „волшебни“ акции ,кои во гол ги претвара новиот тренер на Вардар.

Двајцата шпанци, потсетуваат на една акција на Вардар оваа сезона, во големото финале, дело на Карачиќ и Столе, која беше избрана за најдобра 5.асистенција сезонава.