Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Ристова главен тренер, Црвенковска помошник во ЖРК Вардар, Стојаноски: Вардар од секогаш давал доверба на свои кадри

Ристова главен тренер, Црвенковска помошник во ЖРК Вардар, Стојаноски: Вардар од секогаш давал доверба на свои кадри

b1-660x330

Конечно и официјално е познато кој ќе биде на клупата на Женскиот ракометен тим „Вардар“. Станува збор за две дами, предводник на тимот ќе биде Драгана Ристова која всушност и го создаде овој тим. Таа младите девојки ги водеше од пионерки и успеа да создаде компактен тим. Мина селектирање, ја освои првата пионерска титула со нив, кога ја прекина доминацијата на Металург пред две години. Многу работеше, Ристова во овој тим вложи премногу труд кој сега се валоризира бидејќи ќе ги предводи како сениорки оние девојки кој ги воведе во ракометната игра.

 62448332_207445533474772_6382796833260830720_n

Нејзин помошник ќе биде првата жена тренер која освои ЛШ во машка конкуренција, Билјана Црвенковска. Овој тандем ќе се обиде да дојде до врвот во Супер лигата. За нивното назначување изјава   даде извршниот директор Стојаноски Давор кој вели:

Клубот секогаш сакал да им даде шанса на сопствените кадри, а тоа сега го покажува на дело. Тимот што е во Супер лигата е селектиран и досега го водеше токму Ристова. Ова е продолжение во нивните кариери и веруваме дека Вардар е на добар пат со сопствени сили да се врати на самиот врв во домашниот ракомет. Со искуството што го имаат и Пецевска и Црвенковска, сигурни сме дека резултатот нема да изостане- вели Стојаноски.