Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Ристова за Вардарфанс: Девојките ги познавам од пионерки, тие се способни да дојдат до шампионска сениорска круна
Ристова за Вардарфанс: Девојките ги познавам од пионерки, тие се способни да дојдат до шампионска сениорска круна

Ристова за Вардарфанс: Девојките ги познавам од пионерки, тие се способни да дојдат до шампионска сениорска круна

По заминувањето на Симе Симовски, ЖРК Вардар доби нов „кормилар“, сосема очекувано и природен тек на настаните беше давањето на доверба на Драгана Ристова. Таа е поранешка ракометарка на Вардар која тука ја заврши играчката кариера по што се посвети на работа со млади категории. Во играчката кариера има настапувано за екипите на Скопје, Кометал ЃП, Еуростандард ЃП, Будуќност и Металург. Со екипата на Будуќност во сезоната 2009/2010 го освои КПК.

Оваа генерација е нејзина, таа го создаде овој тим, го селектираше и играше со него во пионерска конкуренција. Со нив пролета 2017 стана шампион, кога ја прекина повеќегодишната доминација на Металург. Година потоа одлично одигаа и дојдоа до завршницата во кадетската лига. Ристова создаде тим кој поради квалитетот беше избран да го замени “ѕвездениот Вардар“. Таа беше помошник и во нивната прва сениорска сезона каде дојдоа до “сребро“ во Купот и беа во топ-3 во лигата. Во изјава за Вардарфанс таа вели:

Драгана на тајм-аут со девојките на меч во пионерска конкуренција (2016г)

Драгана на тајм-аут со девојките на меч во пионерска конкуренција (2016г)

Навистина сум пресреќна што по шест месеца пауза ќе можам да се вратам на терените и да си ја работам работата која ја обожавам. Девојките ги познавам одлично, тие сe со мене уште од пионерскта селекција, засилени со неколку повозрасни девојки за кои се надевам дека со напорна работа ќе успееме да создадеме колектив кој ќе напредува од ден во ден. Сакам и очекувам да ја оствариме целта, повторно да се искачиме на врвот во македонскиот сениорски женски ракомет. Ние сме релативно млади, но не и неискусни во оваа Супер лига, сепак мислам дека може одлично да се носиме со сите ривали. Јас верувам во овие девојки кои растеа ракометно покрај мене, нив одлично ги познавам, сите, и точно знам како треба да се работи за нивниот напредок. Се надевм дека ќе успеам да го достигнам тоа со нивна напорна и предана работа-вели Ристова.

Михајло Тушевски