Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Младиот состав на Вардар Јуниор ја оствари главната цел, опстанок во најсилната Супер Лига
Младиот состав на Вардар Јуниор ја оствари главната цел, опстанок во најсилната Супер Лига

Младиот состав на Вардар Јуниор ја оствари главната цел, опстанок во најсилната Супер Лига

Младиот состав на Вардар Јуниор ја оствари главната цел која беше поставена на почетокот од сезоната. Иако далеку подмладени, и покрај заминувањата на неколку поискусни ракометари, сепак оваа екипа на Вардар на крајот од сезоната обезбеди опстанок во најсилната Супер Лига. Можеби кратката клупа, неискуството и младостана овие момци, беа клучни фактори за Вардар Јуниор цели 60 минути да не дава силен отпор на противниците. Во голем дел од мечевите бевме можеби и рамноправни во најголем дел од натпреварите, сепак во второто полувреме паѓаше нашата концентрација. Во регуларниот дел завршивме на 8.позиција на табелата. Одигравме вкупно 18 натпревари, на кои забележавме 4 победи и 14 порази. Интересно после првите три одиграни кола, Вардар Јуниор имаше две победи. Екипата од клупата ја предводеа искусните Стојан Петрушевски како главен тренер, додека негов помошник, беше, Пепи Манасков.

vardarfans-junior-660x3301-660x330-660x330

Ова се сите постигнати резултати за Вардар Јуниор во регуларниот дел на сезоната:

1 коло: Вардар Јуниор – Радовиш  41:38

2 коло: Струга – Вардар Јуниор 32:22

3 коло: Вардар Јуниор – Прилеп  29:28

4 коло: Охрид 2013 – Вардар Јуниор  30:21

5 коло: Вардар Јуниор – Пелистер  30:34

6 коло: Пролет – Вардар Јуниор  29:19

7 коло: Вардар Јуниор – Бутел  22:31

8 коло: Борец – Вардар Јуниор  17:30

9 коло: Вардар Јуниор – Еурофарм Работник 23:40

10 коло: Радовиш – Вардар Јуниор  31:19

11 коло: Вардар Јуниор – Струга  19:29

12 коло: Прилеп – Вардар Јуниор  25:22

13 коло: Вардар Јуниор – Охрид  18:29

14 коло: Пелистер – Вардар Јуниор 41:27

15 коло: Вардар Јуниор – Пролет  21:32

16 коло: Бутел – Вардар Јуниор  28:21

17 коло: Вардар Јуниор – Борец  37:16

18 коло: Еурофарм Работник – Вардар Јуниор 39:30

vardar-junior-660x330

Продолживме да се натпреваруваме во плеј-аутот, каде покрај младите вардарци, беа уште и екипите на Прилеп, Борец, Охрид, Струга и Радовиш. Во овој дел од натпреварувањето одигравме десет мечеви, на кои имавме и шест победи.

1 коло: ГРК Борец – Вардар Јуниор  30:41

2 коло: Вардар Јуниор – Радовиш  36:27

3 коло: Струга – Вардар Јуниор  31:27

4 коло: Прилеп – Вардар Јуниор  25:35

5 коло: Вардар Јуниор – Охрид  26:36

6 коло: Вардар Јуниор – ГРК Борец  39:29

7 коло: Радовиш – Вардар Јуниор  33:35

8 коло: Вардар Јуниор – Струга  28:30

9 коло: Вардар Јуниор – Прилеп  34:26

10 коло: Охрид – Вардар Јуниор  37:26

vardarfans-vardar-junior-660x330-660x330

Во плеј-аут фазата завршивме на 3.место од вкупно шест екипи, успеавме да собереме 30 бодови и на тој начин да си обезбедиме место во најсилната Супер лига и за новата натпреварувачка 2019/20 сезона.