Денеска македонската кошаркарска федерација официјално потврди во сениорскиот лига билтен дека Кошаркарскиот клуб “Вардар“ ќе има две прволигашки екипи. Одлична вест е дека црвено-црните ќе играат во прволигашката машка и женска конкуренција оваа натпреварувачка сезона 2016/2017.
За дамите само се очекуваше официјална потврда дека ќе бидат дел од првата и единствена женска кошаркарска лига. Вардар се одлучи да ја возобнови женската екипа по повод 70 годишнината од основањето на Спортското друштво “Вардар“. За истото одамна ве известивме, за пополнување на тимот инфо-тука. Кај момците е веста која донесе радост бидејќи лани завршивме второпласирани и очекувавме покана да бидеме прволигаши, истата беше потврдена денес. Ова е одлична вест бидејќи конечно сите црвено-црни колективи ќе играат во прволигашка конкуренција во фудбал, ракомет и кошарка.