Македонската фудбалска репрезентација до 19 години утре и во четврток ќе одигра два контролни натпревари со соодветната селекција на Босна и Херцеговина. Двата меча ќе се одиграат на тренинг центарот “Петар Милошевски“. Утрешниот дуел ќе започне од 16 часот, додека тој во четврток својот старт ќе го има од 11 часот.
За овие контролни натпревари селекторот Јетон Несими повика и тројца играчи на фудбалскиот клуб Вардар. Се работи за стоперот и десен бек Андреј Кировски кој оваа сезона се врати во редовите на Вардар, откако минатата ја помина во Динамо Загреб. Андреј е дел од кадетите на црвено-црните. Новото засилување за младинците кое стигна на почетокот на новата сезона, десниот бек Тодор Тодоровски кој е стандарден во составот на Љупчо Марковски, како и последното најново засилување, играчот од средниот ред Филип Стојчевски кој дебитирше за првиот тим на Вардар на контролниот натпревар против Раднички од Ниш.