Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Стоилов: Загреб го познаваме, но и Вујо не познава нас. Раул: Ќе биде тешко со Загреб

Стоилов: Загреб го познаваме, но и Вујо не познава нас. Раул: Ќе биде тешко со Загреб

Црвено-црниот ракометен машки колектив утре во рамки на регионалнта СЕХА Гаспром лига ќе биде домаќин на шампионот на Хрватска екипата на ППД Загреб. На денешната стандардна прес-конференција пред овој дуел во регионалното натпреварување тренерoт на РК Вардар шпанецот  Раул Гонзалес ги искажа својте очекувања за престојниот дуел:

Одигравме добар натпревар против Веспрем, затоа треба да ја повториме таа игра и на утрешниот меч. Знаеме дека ќе биде тешко против Загреб, бидејќи тие има добар тренер и играчи, ја користат секоја грешка и имаат брз контра-напад. Очекувам добар ракомет, денес ќе го одработиме последниот тренинг по што ќе знаеме кој ќе биде составот кој ќе истрча на теренот во вторник.

На прес-конференцијата присуствуваше и капитенот на Вардар пикерот Стојанче Стоилов, тој беше дел од црвено-црните кога сегашниот тренер на ППД Загреб Веселин Вујовиќ го водеше нашиот шампион, тој тоа го напомена во изјавата, покрај тоа тој го изјави следново:

Загреб е една од екипите која најдобро ја познаваме, заедно сме во СЕХА лигата од самото формирање. Тие имаат тренер кој одлично нè познава, но и ние него. Натпреварот ќе биде динамичен и борбен. ППД Загреб е квалитетна и незгодна екипа, тоа го потврдија и минатата сезона во СЕХА лигата и Лигата на шампионите. Ако ја повториме играта против Веспрем можеме да очекуваме позитивен резултат.