Освен што обезбедија пласман на завршниот турнир од ЕЅБЛ, кадетите на Вардар (M14) и индивидуално доминираа на вториот турнир во Печуј,Унгарија.
Двајца од нив беа избрани во идеалната петорка: Бојан Величковски, кој и по завршувањето на вториот турнир остана најдобар стрелец на Европската Лига за Млади со просек од 28,67 поени и Марко Лукановски, кој изби на првата позиција по остварени скокови. Мирза Шаќировиќ беше избран за најкорисен играч на својата екипа.