Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Куглање! Коста Ристевски: Јас сум “вардарово дете“ во Вардар почнав, во Вардар и ќе ја завршам кариерата
Куглање! Коста Ристевски: Јас сум “вардарово дете“ во Вардар почнав, во Вардар и ќе ја завршам кариерата

Куглање! Коста Ристевски: Јас сум “вардарово дете“ во Вардар почнав, во Вардар и ќе ја завршам кариерата

Зад нас се натпреварите од првиот круг, односно есенскиот дел од Македонскта кугларска лига, по крајот на истиот сосема заслужено како што беше и посакувано ќе “презимиме“ како есенски вице-прваци. Вардар за жал загуби три важни играчи во изминатите два преодни рока, сепак резултатите повторно се на нивото од изминатата сезона. Црвено-црните се потпраа на колективот, другарството и пркоста која донесе резултат досега. Еден од играчите кој даде сосема коректен придонсес во тоа е и Коста Ристовски. Тој веќе четврта сезона по ред  е дел од Вардаровиот тим, по враќањето на името “Вардар“ на кугларската мапа тој веднаш пристапи и до ден денес е нераскинлив дел од овој тим. Во продолжение ви носиме интервју со овој  вардаров куглар, Ристовски Коста.

g0

1. Запознајте не со вашите кугларски почетоци и тоа како Коста Ристевски стана дел од црвено-црното семeјство настапувајќи за нашиот Вардар?

-Јас сум едноставно вардарово дете, почетоците со спортување ми се некаде во средношколските денови, покрај другите екипни спортови кои ги применував беше и куглањето, во кое и останав до ден денес. Мој матичен клуб е Вардар, тука почнав тука сум и сега 25 години подоцна во “новиот Вардар“. Во меѓувреме во кариерата настапував и за тимовите на: Окта, Макпетрол, Работнички, 18 Август, Македонска Банка.. и судбината сакаше повторно да се вратам “дома“ во црвено-црниот тим. Тука сакам и да завршам еден ден со овој спорт. Заедно со браќата Димитриевски Дарко и Димитар од прв ден сум во “новиот“ поточно возобновениот кугларски клуб Вардар.

g3

2. Има еден интересен момент во вашата кариера поврзано за почетоците на самостојноста на Македонија и настапите со “државниот грб“, ќе може да го споделите со нас?

-Веќе далечната  1993 година јас бев првиот спортист кој под уставното име “Република Македонија“ настапи на светското младинско првенство во Унгарија. Тоа е момент кој силно е “врежан “во моето спортско сеќавање и е важен детал од мојата спортска кариера.

Коста во дресот на младинската репрезентација, Словачка СП-1997

Коста во дресот на младинската репрезентација, Словачка СП-1997

3. Зад нас е првиот од трите круга во Македонската кугларска лига, поточно есенскиот дел. Како го оценувате вашиот пласман на втората позиција пред зимската пауза во домашната лига?

Што се однесува до првиот дел од оваа, нова сезона со оглед на преполовениот играчки кадар и отсуството на нашите “Роналдо и Меси“ во клубот т.е Влаќевски Бојан и Димитар Димировски, може да бидеме презадоволни. Ние успеавме без нив да дојдеме до четири победи од пет дуела и убедливо да го заземеме второто место, што всушност е и наша цел.

4.  Кои се твоите очекувања од оваа сезона на тимски план и како си задоволен од твојот удел  во досегашниот дел од оваа натпреварувачка сезона во МКЛ?

-Очекувам до крајот од оваа сезона низа добри игри во пролетниот дел, да го задржиме вицешампионското место и да обезбедиме пласман за Вардар во европските купови идната сезона. Годинава имаме една компакта екипа и моите настапи се вклопуваат со останатите во една одлична целина. Секогаш може подобро, јас мислам дека со формата одиме во нагорна линија од дуел во дуел.

По освојување на Купот на Р.М против топ-фавориот Макперол, 2017

По освојување на Купот на Р.М против топ-фавориот Макперол, 2017

5. Следи во кугларска Македонија за време на оваа зимска пауза во првенството и  државното поединечно првенство, дали ќе имате настап на истото?

-На поединечното првенство нема да имаме настап, тоа е одлука на нашиот клуб која ја почитуваме. Воедно ја користам приликата јавно да се заблагодарам до единствениот вардаров сајт “Вардар фанс“ и да изразам посебна благодарност за постојаната и несебичната поддршка на кугаларскиот тим Вардар и сите негови членови.

Михајло Тушевски