Македонската сениорска кугларска репрезентација по 6 години пауза, вчера отпатува за Хрватска на пријателски меѓународен натпревар со тамошната селекција како дел од припремите за СП во Рокичани, Чешка. Црвено-жолтите по пауза од шест години конечно фунционираат како селекција откако се надминаа низа проблеми од изминатите години по промената на раководството во федерацијата.
Натпреварот против хрватската репрезенација ќе се одигра во недела. Од истиот ќе има лајв стрим од истиот, дуелот ќе се одигра на кугланата во Оточац. Воедно, ова е последен испит за кандидатите за репрезентација после кој ќе се затвори конечниот список на куглари кои ќе ги бранат државните бои на претстојното СП кое почнува на 15.05.2019 година. На списокот на патници е и претседателот на Вардар, кугларот со неспорен квалитет Димитар Димитровски.