Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Петковски со најатрактивна одбрана, Јанковски со прекрасен гол на дуелот со Борец, целосен видео-преглед од победата на Вардар Јуниор
Петковски со најатрактивна одбрана, Јанковски со  прекрасен гол на дуелот со Борец, целосен видео-преглед од победата на Вардар Јуниор

Петковски со најатрактивна одбрана, Јанковски со прекрасен гол на дуелот со Борец, целосен видео-преглед од победата на Вардар Јуниор

Вчера, екипата на Вардар Јуниор успеа да слави на натпревар од 6.коло во плеј-аут фазата во Супер лигата, откако во малата сала на С.Ц. Јане Сандански ја совладаа екипата на ГРК Борец.  Во натревар против тимот кој е “фенерџија“ во лигата уште по 30.минути најавивме победа кога заминавме на пауза со девет гола позитива, 21:12. Вториот дел беше рутина за момците на Стојан Петрушевски и Пепи Манасков кој оваа средба ја добија со резултат 39:29.

Како што веќе ви е познато   Вардарфанс во соработка со “Sport.Video Macedonia  ви овозможува покрај нашите извештаи и фотогафии да гледате видеа  од мечевите на  Вардар Јуниор. Станува збор за пионерски проект на ентузијасти кој ќе ви овозможат видеа од македонските ракомети и други настани, истите се со  врвен квалитет и достапни он-лајн за широката спортска публика. Ова е втор дуел на Вардар Јуниор од кои тие имаат видео-извештај, прв беше средбата со тимот на РК Охрид која може да ја најдете на нашиот сајт- на следниот КЛИК

Од средбата со велешани ви ги издвојуваме најатрактивниот погодок на црвено-црниот млад сениорски тим и една одбрана на вардаровиот голман. Прекасниот гол   со удар од дланка на Јанковски Славе по што топката доби ротација може да го погледнете овде, атрактивната  одбранетата контра на голманот, Петковски Андреј погледнете ја на ова видео. 

*Целиот дуел со сите погодоци, најубави одбрани на оваа средба може да го проследите на следниот ЛИНК!