Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > (ВИДЕО) Ѓорѓиев и Цветановски ги постигнаа најубавите голови за Вардар Јуниор на мечот со Охрид
(ВИДЕО) Ѓорѓиев и Цветановски ги постигнаа најубавите голови за Вардар Јуниор на мечот со Охрид

(ВИДЕО) Ѓорѓиев и Цветановски ги постигнаа најубавите голови за Вардар Јуниор на мечот со Охрид

Вардар Јуниор  беше домаќин на РК Охрид 2013 во рамки на плеј-аут сегментот од лигата. На дуелот кој се одигра во Јане Сандански противникот победи со 26-36. Момците во црвено-црни дресови се трудеа да парираат на поискусниот и поквалитетен противник во текот на цел меч.

Како што веќе ве известивме  Вардарфанс во соработка со “Sport.Video Macedonia“ ќе ви овозможи покрај нашите извештаи и фотогафии да гледате видеа  од мечевите на  Вардар. Станува збор за пионерски проект на ентузијасти кој ќе се обидат да ви овозможат видеа од македонските ракомети и други настани, истите ќе бидат со врвен квалитет и достапни он-лајн за широката спортска публика. Од оваа средба за издвојувања се два погодока. Ѓорѓиев успеа да погоди силно и неодбранливо за голманот на ривалот, Цветановски кој се повеќе добива улога во нападот ја оправда довербата со два гола од кој едниот посебно атрактивен.

Голот на Ѓорѓиев Игор може да го погледнете овде, а погодокот на Никола Цветановски видете го на следниот линк.

Целиот дуел може да го погледете ОВДЕ!