Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Го „избркаа” од тимот, а он им врати со шест погодоци од исто толку обиди!
Го „избркаа” од тимот, а он им врати со шест погодоци од исто толку обиди!

Го „избркаа” од тимот, а он им врати со шест погодоци од исто толку обиди!

Сташ Скубе беше еден од ракометарите кој најемотивно ги славеше головите против ПИК Сегед во „Јане Сандански“.  Причината е добро позната. Буквално нашиот играч беше „избркан” од тренерот на унгарскиот тим Хуан Карлос Пастор, па токму затоа имаше големи мотиви да го докаже спротивното, дека е далеку подобар играч од Бомбач, кој на почетокот на оваа сезона се врати во тимот на Сегед на местото на сега играчот на Вардар.

Скубе на вчерашниот натпревар беше буквално незадржлив. Постигна шест погодоци од исто толку обиди, а подели и неколку асистенции кон соиграчите кои беа претворени во погодоци. Треба да се напомене дека средниот бек играше важна улога и во одбраната, каде имаше две исклучувања и низа на добри реакции.