Во недела ќе бидат познати екипите кои ќе се пласираат на завршниот турнир во Келн и кои ќе имаат можност да се борат за Европската титула. Вардар е на добар пат да испише нова историја и да обезбеди трето последователно учество на Ф4 турнирите. После првиот меч одигран во Скопје, црвено-црните имаат високи осум голови предност, но еден од играчите кои токму со Вардар успеа да ја освои ЛШ, моментално член на Пик Сегед, тоа е Жоан Кањелас, верува дека се уште ништо не е загубено и дека неговиот тим може да направи подвиг.
-Секако дека можеме да се пласираме на завршниот турнир во Келн, но ќе треба да одиграме најдобриот натпревар оваа сезона. Се надевам дека ќе имаме и голема поддршка од нашите навивачи, како што имаше и Вардар во Скопје. Потребно ни е да одиграме максимално добро во текот на сите шест минути, верувам дека Пик Сегед може да го победи Вардар, но не знам дали можеме да ја достигнеме онаа разлика од осум голови. Сепак верувам во чудо и во мојот тим.
Како најголема опасност по нивниот гол го гледаат најдобриот стрелец на Вардар, а Кањелас вели дека ќе треба многу работа за да се спречи летонецот.
Мораме да најдеме против игра и за Даинис Кристопанс, тоа е играч кој има 135 кг и е висок 215 см. Затоа мораме да бидеме внимателни и навреме да излагаме и да го запираме. Не очекува тешка задача и голема работа, но сигурен сум дека ќе успееме да го неутрализираме, вели Кањелас.