Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Кадетите на РК Вардар по 14.кола не го даваат врвот, утре на мегдан со РК Бутел
Кадетите на РК Вардар по 14.кола не го даваат врвот, утре на мегдан со РК Бутел

Кадетите на РК Вардар по 14.кола не го даваат врвот, утре на мегдан со РК Бутел

По 14.кола кадетите на РК Вардар предводени од Будимир и Станковски не го даваат врвот во кадетската група-1.  Тие по 12.одиграни мечеви се првопласирани со 33.бода, три помалку има директниот ривал РК Аеродром со исти број дуели. За сигурен пласман на Ф-4 турнирот потребни се сите победи до крајот на првенството. Резултатите од завршеното 14.коло изгледаат вака:

 *РК Вардар -РК Драчево 44:20

*РК Шампион – РК Бутел 29:30

*РК Македонија ЃП -РК Металург 32:36

*РК Алушовски – РК Пролет  22:29

Нов натпревар  во рамки на 15.коло во кадетскат група-1, црвено-црните  ги очекува веќе утре, сабота, 4.мај. Тие гостуваат кај екипата на РК Бутел Скопје. Дуелот ќе се одигра во салата  „Антон Димитров“- Скопје со почеток во 12-00 часот. Судии на оваа средба ќе бидат  Савиќ Дамјан и Огњановски Марко.