Утрово на теренот во населбата Јане Сандански се одигра градското фудбалско дерби во рамките на 23.коло од кадетската Супер-лига, на кое се сретнаа екипите на Вардар и Работнички. Поуспешни беа романтичарите кои славеа со резултат 2:3.
Тренерот Петрески стартуваше со следниве 11-сетмина: Китановски, Николов, Митревски, Ѓурковски, Манасиевски (c), Цури, Ристовски, Спировски, Демири, Ангелковски, Трајановски.
Иако Вардар прв успеа да го отвори резултатот, сепак на крајот бевме поразени, што беше вкупно 12.пораз сезонава за вардаровите кадети. Црвено-црните успеаа да поведат во 38 минута со голот на Матеј Николов, но на минута пред крајот на првиот дел, гостинската екипа успеа да го израмни резултатот на 1:1, со голот на Димитар Тодоровски.
Во вториот дел, екипата на Работнички направи целосен пресврт, откако по само 3 минути игра успеа да поведе за прв пат на мечот, со голот на Никола Андрески, за предност од 1:2. Вардар не се откажа, напаѓаше, а тоа доведе со израмнување на 2:2, откако противничката мрежа ја погоди Давид Ристовски. Сепак не издржавме барем да освоиме бод, се играше 77 минута кога противникот преку Давид Тошевски ги постави конечните 2:3 на овој дуел од кадетската лига.
Во игра влегоа уште и Зендели, Мирчевски и Попоски.