Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > РК Вардар против Еурофарм, ЖРК Вардар со Стружанка, ќе се борат за големото финале во купот на Македонија
РК Вардар против Еурофарм, ЖРК Вардар со Стружанка, ќе се борат за големото финале во купот на Македонија

РК Вардар против Еурофарм, ЖРК Вардар со Стружанка, ќе се борат за големото финале во купот на Македонија

Познати се полуфиналните двојки во купот на Македонија, откако денес во просториите на ракометната федерација беа извлечени двојките.

Кај мажите, Вардар за противник во полуфиналето ја доби екипата на Еурофарм Работник, додека во другото полуфинале ќе се сретнат екипите на Металург и Бутел.

Завршниот турнир ќе се одигра во Куманово, на 10 и 11.мај. Вардар е бранител на трофејот и ќе се обиде и оваа сезона да ја потврди доминацијата во домашните натпреварувања.

Вардар ќе има свој претставник и на Ф4 турнирот во женскиот дел. Младиот состав кој е предводен од Симе Симовски за противник ја доби екипата на Стружанка, додека за влез во финалето меѓусебно ќе се борат и екипите на Металург и Куманово.

Кај жените, полуфиналните мечеви се закажани за на 9.мај, додека финалето ќе се игра на 11.мај исто така во Куманово.