Со голема чест ви го носиме треттиот текст за клубот Реално-Аикидо “Вардар“, успешен црвено-црн колектив кој функционира во нашиот град, Скопје. Моментално во него членуваат повеќе од 50 членови и тоа 24 момциња и 31 девојки. Тренинзите се одржуваат во ОУ„Александар Македонски“ во скопската населба Ново Лисиче. Се работи напорно, вредно и посветено, па така три пати неделно се одржуваат тренинзи. Претставувањето на тимот може да го најдете ОВДЕ, а одличната програма, екипираноста, посебните техники за дамите може да се најдат на нашиот сајт на следниот ЛИНК!
Покрај своја сала каде реализираат тренинзи, одличната програма, екипираност, членство во меѓународно етаблирана федерација тие секогаш имаат нешто плус што ги прави голем тим. Па така изминатата година црвено-црниот, Реал Аикидо клуб Вардар го организираше повеќе од успешно својот деби летен камп. Овој прв ваков камп помина крајно успешно и ги исполни целите и очекувањата зацртани од вардаровиот тим. Истиот се одржа во “Александра Камп“ во Кавала-Грција. Поради добрите впечатоци, здобиени вештини, дружба, забава и големиот напредок на членовите на Вардар оваа година повторно ќе се организира летен камп.
Ланскиот ги исполни однапред зададените цели, вардарци имаа два тренинга на ден, се дружеа постојано седум дена како тим што ја зголеми тимската хемија до максимум. Покрај напорните тренизи имаше време и за одмор, се реализираа слободни активности, покрај морето беше достапен базен и серија спортови на вода за релаксирање на младите учесници во кампот.
Покрај добрата спортска подготовка дечињата беа дел и од културна програма која ја овозможува овој наделеку познат комплекс за реализација на летни кампови за спортски колектив. Нормални помеѓу низата клубски и други активности имаше доволно време за одмор и релаксација иако тоа нормално е секундарна активност на еден камп.
Повеќе од очекувано беше дека по вака брилијантниот прв оваа година ќе има втор камп на црвено-црните во Кавала. Повторно тренинзите ќе ги води г-н Антон Диневски главниот тренер на Вардар. Вардарци ќе бидат целосно екипирани, на кампот, асистент тренерите Бојана Диневска, Кристијан Ранковиќ и Андреа Диневска ќе се погрижат за целосна реализација на зацртаниот план и програма како и минатата година.
* Клубот “Вардар“ кога станува збор за можноста да се биде нивни член вели: Сите наши тренинзи се од отворен тип, повелете, дојдете да се дружиме. Уписот на нови црвено- црни членови се врши на секој тренинг, без надокнада.
Контакт телелефон: 076- 959- 960.