Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Slider > Дебитантот во ЛШ, Дејан Милосављев во конкуренција за најдобар голман
Дебитантот во ЛШ, Дејан Милосављев во конкуренција за најдобар голман

Дебитантот во ЛШ, Дејан Милосављев во конкуренција за најдобар голман

ЕХФ ги објави играчите кои ќе конкурираат за најдобри на своите позиции, односно кои ќе се најдат во идеалниот тим на Лигата на Шампионите, кој ќе биде објавен пред почетокот на завршниот турнир во Келн.

На позицијата најдобар голман во изборот на стручните лица во ЕХФ, заслужено се најде и дебитантот во најголемото натпреварување, Дејан Милосављев, кој е вистинско откритие на голот на Вардар. Многу од победите оваа сезона на Вардар се поврзани со добрите настапи на популарниот „банда“ кој има шанси да биде избран и за најдобар голман. Покрај нашиот голман во изборот се најдоа уште и Бенјамин Буриќ ( Фленсбург), Марин Шего ( Пик Сегед), Арпад Штербик ( Веспрем) и Гонзало Перез Де Варгас ( Барселона).

За првпат, гласањето ќе се одвива исклучиво преку новата смартфон апликација VELUX EHF FINAL4. Апликацијата може да се преземе на iOS или Android.

Погледнето го изборот на најдобри голмани, на линкот, ТУКА.

За Дејан Милосављев можете да гласате на линкот, ТУКА.