Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар денес ќе го одигра заостанатиот дуел со Пантери
ЖКК Вардар денес ќе го одигра заостанатиот дуел со Пантери

ЖКК Вардар денес ќе го одигра заостанатиот дуел со Пантери

Денес, четврток (30/01/2020), ЖКК Вардар ќе го одигра првото пролетно коло во женската кошаркарска Прва лига. Заостанатиот дуел од 10.коло доби термин.

Изминатиот викенд се одиграа сите дуели во женската конкуренција освен нашиот со тимот на Пантери. Одредено е денес да се комплетира првото коло во 2020 година. Тимот на Пантери ќе не пречека вечерва, со почеток во 19:00 часот. Натпреварот на кој со победа ќе се вратиме на лидерската позиција ќе се одигра во салата “Кочо Рацин“ во Скопје.