Борбата за бронзениот медал на нашиот репрезентативец Могамедгаџи Нуров (-97 кг) против Алишер Јергали од Казахстан на Светското првенство во борење во Нур Сулатан, Казахстан, е прогласена за највозбудливите на финалниот ден од СП. Нуров славеше со 8-5.
Иако губеше Нуров во последните 40-тина секунди направи целосен пресврт и ја доби борбата 8-5 против домашниот борач, кој на своја страна ја имаше целата публика во салата. Ова е голем успех за Нуров на кого на неколку пати му бегаше бронзата од големите натпревари и е прв медал од светските првенства по 1998 година. Тој е првиот македонски спортист што исполни олимписка норма по 12 години.