Македонската фудбалска репрезентација до 15 години изминатиов период настапи на пријателски младински турнир во Сан Марино, на кој го освои второто место.
Оваа селекција која е предводена од Тони Јакимовски одигра три натпревари, на кои забележа две победи и еден пораз, кои беа доволни за да се освои второто место на турнирот. Македонија ги победи репрезентациите на Сан Марино (0:6) и Андора (0:4), додека загуби во дуелот со Латвија (3:1).
На овој турнир, дел од македонската селекција беа и двајца играчи од Вардар. Се работи за Горјан Цветков и Влатко Кулуковски. Цветков како стартер ги започна сите три меча, додека Кулуковски настапи во првите 11-сетмина на еден дуел, додека на натпреварот против Латвија влезе во игра во вториот дел.