Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Поп-Крстев во идеалниот тим на 1.коло во МКЛ
Поп-Крстев во идеалниот тим на 1.коло во МКЛ

Поп-Крстев во идеалниот тим на 1.коло во МКЛ

Во рамки на 1.коло од сезоната 2020/2021 во македонската кугларска лига (МКЛ) изминатиот викенд се одиграа три меча, екипата на ЖКК ГТЦ Мусандра беше слободна. До победи дојдоа тимовите на Макпетрол, КК ГТЦ и Вардар-А.

Црвено-црните одиграа братски дуел со тимот на КК Вардар-Б, победата ја остави Вардар-А. На тој дуел највисока бројка зад своето име имаше Горг Поп-Крстев (Вардар-Б). Младиот куглар собори 577 “дрва“, 365 на полни постави и 212 на „чистење“. Со овој скор тој се најде во иделниот тим на колото, Топ-6. Вардарецот е на позицијата број три на ова рангирање.