Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар без Дисингер ќе брка победа против Порто
Вардар без Дисингер ќе брка победа против Порто

Вардар без Дисингер ќе брка победа против Порто

Вечерва со почеток од 20:45 часот во С.Ц. Јане Сандански, Вардар е домаќин на тимот на Порто, во рамките на 5.коло од Лигата на Шампионите. Црвено-црните ќе се обидат да стигнат до вториот триумф сезонава, откако минатата недела го победија тимот на Фленсбург.

Тренерот Алушовски го објави составот за денешниот дуел, а во него единствено ќе го нема Дисингер како и Јагуриновски. На местото на Дисингер во составот е Марко Мишевски.

РК Вардар: Ристовски, Кизиќ, Кантегрел, Вујин, Чупиќ, Дибиров, Стоилов, Георгиевски, Калараш, Валчак, Талески, Гаџа, Јотиќ, Димитриоски, Векиќ, Мишевски.