Денес е ден за дерби натпревар во женската Супер лига, истиот ќе се одигра во салата Автокоманда во Скопје. Девојките на Ристова Драгана и Александар Царчев влегуваат како лидери на табелата во оваа битка со 21.бод, ривалот има три помалку по поразот дома до Куманово.
Сино-белите ќе се обидат да не врзат два дерби порази дома, тешка задача го очекува тимот на ЖРК Вардар денес. Напреварот од 9.коло ќе се игра со почеток во 16:00 часот. Судиската правда на средбата со Металург ќе ја делат: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје