На програмата овој викенд во Македонската кугларска лига (МКЛ) е првото пролетно коло во истата, односно шесттото во оваа сезона. Вардар во ова прво пролетно коло е домаќин на екипата на КК ГТЦ Мусандра од Скопје во дербито за втората позиција на табелата. Натпреварот првенствено беше закажан за утре, 20-ти јануари во 11 часо, но по договор на двата клуба истиот доби нов термин на одигрување т.е натпреварот е одложен, односно презакажан.
Натпреварот помеѓу црвено-црните и ривалот од Скопје ќе се игра во понеделник, 22-ти јануари 2018. Истиот е предвиден да се игра со почеток во 19-00 часот, натпреварот ќе се игра во кугларницата “Вип“ при спортскиот центар “Борис Трајковски“-Скопје. Вардар влегува во овој важен дуел за вицепрвакот на МКЛ како второпласиран по првиот круг со 8 бода. Пред почетокот на овој натпревар на сениорските екипи на Вардар и КК ГТЦ Муснадра на “мегдан“ ќе искочат и двата јуниорски состави.