Кадетите на РК Вардар кои предводени од Андријана Будимир се во Веспрем каде од вчера, четврток, 18 јануари до 20 јануари ќе учествуваат на еден од најпрестижните ракометни турнири во регионот Балатон куп, што се одржува во Унгарија. Вчера го одигравме првиот дуел со домаќинот Веспрем во кој бевме минимално поразени. Денес, 19 јануари играме два дуела, истите може да ги проследите на видео стрим во живо. Ние во 12.30 часот играме со Локомотива Брчко, а во 17.10 часот е натпреварот против ППД Загреб со што ќе ја завршиме групната фаза.