Вчера почна вториот круг од ракметното европско првенство во Хрватска, на програмата беа дуели од групата-1. Се одиграа два дуели, и во двата настапија играчи на црвено-црниот тим. Хрватска играше со Белорусија, апак Србија се сретна со селекцијата на Норвешка.
Хрватскиот тим се врати на победите, тие ја совладаа Белорусија со резултат 25-23 (15-12). Уште од првата шанси Хрватска поведе на овој дуел, апак белорускиот состав речиси во текот на целиот меч ја бракаше негативата и немаше ниту еден позитивен резултат за нив се до самиот финиш. Во 58.минута преку Кулеж успеаа да изедначат на 23-23, првпат по почетните 0-0 тие имаа активен резултат. Сепак за “каубоите“ во финишот со два гола триумфираа со 25-23 и освоија важни бодови. Циндриќ беше најдобар стрелец од вардарви со 4 гола, апак Караџиќ и Чупиќ на овој дуел не успеаа да погодат.
Србите после победата над Исланд повторно се вратија на неуспесите на ова европско првенство во Хрватска. Тие беа совладани од силната Норвешка со резултат 32-27 (17-17). Првиот дел беше целсно израмнет, па така на пауза се замина со резултатска симетрија на семафорот. За време на одморот резултатот на семафорот беше 17-17. Во вториот дел норвежаните беа далеку подобар противник и успеаа да дојдат до “цел плен“. Нашиот пикер во српскиот состав Марсениќ Мијајло постигна еден гол од еден упатен удар.