Monday ,14 April 2025
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар на врвот од табелата за време на репрезентативната пауза, Петрушевска дел од мак.селекцијата
ЖКК Вардар на врвот од табелата за време на репрезентативната пауза, Петрушевска дел од мак.селекцијата

ЖКК Вардар на врвот од табелата за време на репрезентативната пауза, Петрушевска дел од мак.селекцијата

По одиграни пет кола во женската кошаркарска Прва лига овој викенд следи пауза поради репрезентативни обврски на македонската женска сениорска селекција. По овие кола лидери на тебелата без пораз се два тима, шампионот Бадел и девојките на Жаклина Стојановска од ЖКК Вардар. Двата тима имаат перфектен скор досега, односно максимални 10.бода.

Вардарки дојдоа до пет победи, и ја имаат најдобрата одбрана во лигата со само 147 примени коша односно неверојатни само 29.поена по одигран дуел. Го имаат вториот најдобар напад со 427 постигнати поени, имајќи висок просек од 85,50 постигати поени по дуел.

Сениорките на Македонија ќе ги одиграат последните два натпревара во рамки на квалификацискиот циклус за континенталниот собир закажан за идната година. На 17. ноември, в Скопје, во малата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“, ќе ја нагостиме селекцијата на Шведска додека на 21. ноември ќе го затвориме овој циклус на гости кај хрватската репрезентација. Дел од македонската селекција е една девојка од ЖКК Вардар, станува збор за центарот на црвено-црните, Јована Петрушевска.