Момците на Стојан Петрушевски и Пепи Манасков викендов ќе го имаат третото гостување во низа во Супер лигата. По гостинските мечеви на Вардар Јуниор во Велес кај Борец и во Битола кај Еурофарм (замена на домаќинствата) овој викенд во рамки на 10.коло од најсилната ракометна конкуренција гостуваме во Радовиш кај истоимениот машки ракометен тим.
Мечот се игра задутре, сабота, 17.ноември со почеток во 17-00 часот во салата “25 Мај“. Судии на истиот се делегирани Георгиевски Дејан и Димитар Георгиевски од Скопје. Радовиш по 9.кола има само две победи и освоени шест бода, односно три помалку од црвено-црниот тим кој досега “собра“ 9 бода.
Ова е прв дуел од вториот круг, на првиот меч во “Јане Сандански“ со кој ја отворивме сезоната младиот вардаров тим со одлична игра и борба во сите 60.минути дојде до победа со резултат 41:38 (21:21). Кукуловски Дејан “блесна“ со 11 гола, апак Крстевски Стефан имаше 9 погодици на таа средба.