Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардарци денес заминаa за Барселона, Мишевски патува на местото на Фереира
Вардарци денес заминаa за Барселона, Мишевски патува на местото на Фереира

Вардарци денес заминаa за Барселона, Мишевски патува на местото на Фереира

 РК Вардар во сабота во дуел од ЕХФ ЛШ со почеток во 19-00 часот ќе има  прилика  да му се реваншира на лидерот во групата А, шпанска Барселона. Во рамки на 8.коло црвено-црните гостуваат кај ракометниот гигант на негов терен.

Нашиот тим денеска тргна за Барселона, според планот  во салата каде и ќе се одигра дуелот  “Блауграна“ ќе одржи два тренинзи пред средбата во сабота. Проблем за кормиларот на вардарци,  Роберто  Парондо е што бразилецот, Рожерио Мораес минатата недела беше подложен на  операција и  го реши проблемот со коленото со кое имаше проблеми уште на стартот на сезоната. Тој принудно направи  една измена во составот, на местото на бразилецот  во ростерот  ќе биде младинскиот репрезентативец, Марко Мишевски.

Составот на експедицијта е следен: Стоилов, Чупиќ, Борозан, Дисингер, Дибиров, Војводиќ,  Скубе, Карачиќ, Криштопанс, Кисељев,  Шишкарев, Поповски,  Калараш, Мишевски, Милосављев и Гедбан.