По еден дуел веќе ја “решивме“ полуфиналната пресметка со ЖКК Работнички. Девојките на Жаклина Стојановска вчера беа домаќини во салата “Кале“ на црвено-белиот тим. Ние во оваа полуфинална пресметка од плеј-офот влеговме со предност 1-0 поради двете победи над истиот ривал во лигашкиот дел.
ЖКК Вардар успеа вчера да победи со високи 28.поени предност односно со резултат 78-50. Со оваа победа ние дојдовме до 2-0, резултат кој води во финалната серија. Доколку таму се сретнеме со тимот на актуелниот шампион Бадел, ниту еден тим нема да има предност поради изедначениот скор во победи. Сепак поради првата позиција на табелата ние ќе ја имаме предноста на домашниот терен во серијата ‘подобар од пет“.