Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Slider > Совладан и Пелистер во Битола, вардарци се поблиску до титулата
Совладан и Пелистер во Битола, вардарци се поблиску до титулата

Совладан и Пелистер во Битола, вардарци се поблиску до титулата

Вардарци стигнаа до нова победа во рамките на плеј-офот во Супер лигата, откако вечерва славеа на гостувањето кај екипата на Пелистер и на тој начин се доближија до освојување на шампионската титула.

Вардар цели 29 минути имаше предност, по што му дозволи на битолскиот тим да направи серија од 4:1 и на полувреме да се замине сo предност од 15:14. Одлично го стартувавме натпреварот, кога со головите на Фереира и Карачиќ поведовме со 0:2, додека својот прв погодок Пелистер го постигна во 3.минута од дуелот. Откако десното крило, Мартин Поповски сврза два гола, предноста на црвено-црните беше 1:4, а со голот на Дибиров после 9.минути игра имавме водство од 3:7. Благодарение на одбраните на Милосављев, погоди руското крило во контра-напад, што значеше и највисоки пет плус на семафорот во спортската сала во Битола (5:10). Во тие моменти се чинеше дека Вардар ја има контролата на играта и резултатот и дека по првиот дел ќе се стекне со висока предност. Домашниот тим најпро намали на 7:10, но откако Милосављев одбрани две топки, ние повторно имавме предност од пет гола (7:12), со голот на Поповски во 16 минута од мечот. Попуштивме и во нападот и одбраната, па дозволивме на противникот да направи серија од 3:0 и да намали на само два гола разлика (10:12) во 21 минута, а Стоилов истата ја прекина со погодок, за водство од 10:13. Два зицери промаши Поповски, во моменти кога можевме повторно да ја вратиме најголемата позитива, имавме и 11:14, но во последните пет минути дозволивме да примиме четири гола, а да не постигнеме ниту еден, што значеше прва предност на Пелистер од 15:14

Вториот дел започна со гол на домашниот тим, но вратија вардарци со серија и со головите на Војводиќ и Кисељев поведоа со 16:18 после седум минути игра. Зацврстивме во одбраната, нова пресечена топка, што значеше контра за Поповски, кој постигна гол за 16:19 во 37 минута од дуелот. За момент намали екипата на Пелистер, но Вардар со головите на Кисељев и Дибиров поведе со 17:21. Наместо да се одлепиме на солидна предност, повторно му дозволуваме на Пелистер да се врати во игра и да намали на 20:22 во 46 минута. Среќа е што бргу враќаме преку Кисељев и Поповски за 20:24. Се ближеше завршницата на мечот, а избраниците на Парондо во 51 минута имаа и највисока предност од 21:27, со која беа многу блиску до победата. На крајот и убедлива победа со резултат 24:31.

Поповски беше прв стрелец со 11 голови. Ова беше вкупно шестта победа за нашиот шампион, а до крајот на сезоната им остануваат за одигрување уште четири меча, од кои три на домашен терен. Во Јане Сандански треба да ги пречекаме екипите на Еурофарм, Пелистер и Бутел, додека на гостински терен играме против Металург.