Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Во супер интересен меч, Вардар Јуниор поразен од Струга
Во супер интересен меч, Вардар Јуниор поразен од Струга

Во супер интересен меч, Вардар Јуниор поразен од Струга

Вардар Јуниор во малата сала на С.Ц. Јане Сандански одигра натпревар во рамките на 8.коло од плеј-аутот во Супер лигата. Противник ни беше тимот на Струга од кој бевме поразени  со резултат 28:30.

И двете екипи погодија во својот втор напад, а откако Струга го отвори резултатот, кај Вардар Јуниор со два погодоци врати Стефан Крстевски за наша предност од 2:1. Следеше период кога се играше гол за гол и во неколку наврати резултатот беше израмнет, така беше при резултат 2:2, 3:3, па 4:4 и 5:5. Гостинската екипа за прв пат на овој меч сврза два гола, па во 13 минута се стекна со водство од 5:7, а Игор Ѓорѓиев од пенал успева да намали на 6:7. Откако се одбранивме во следниот напад не успеваме да постигнеме гол од зицер позиција, а тоа го казнува Струга која постигна два гола во серија, од кои еден на празен гол, со што поведоа со највисоки три гола позитива (6:9). Пикерот на Вардар Јуниор, Стефан Атанасовски ја прекина лошата серија, постигна гол за намалување на 7:9, но упорната Струга во 23 минута имаше и четири гола позитива (7:11). Во овој период се разбрани голманот на Струга, а црвено-црните имаа промашено неколку напади, што беше и причина за одлепувањето на гостинскиот тим. Откако Ќосевски не успеа да погоди нов зицер удар за младите вардарци, на нашиот гол иста акција брани и Јоаким Анѓеловски, додека Дејан Кукуловски со гол намали на 8:11. Врати Струга на нашиот гол, а можеше лесно да стигне и на плус пет гола, но со интервенција одново се истакнува Анѓеловски. Сепак Струга не греши во следниот обид, кога ја погоди празната мрежа на Јуниор, за највисоки 8:13 на две минути пред крајот на мечот. Во финишот успеавме да ја намалиме негатива и тоа со двата гола на Кукуловски, за на полувреме да се замине со достижни 10:13 за екипата на Струга.

Ален Ќосевски беше играчот кој успеа да постигне прв гол  во вториот дел и да намали на 11:13, но Струга прави мини серија од 0:2 и има предност од 11:15. Избраниците на Стојан Петрушевски влегоа во серија од 3:0, а имаа можност и да дојдат до израмнување, но противничкиот голман пресече една наша топка во контра-напад, а Струга дојде на два гола позитива. Никола Цветаноски е играчот кој постигна гол и намали  на 16:17 во 36 минута од натпреварот. Во следните седум минути од мечот се играше гол за гол, а Струга не ја даваше предноста, додека Вардар Јуниор се обидуваше да израмни. Тоа им успева на вардарци, кога со голот на Игор Ѓорѓиев во 45 минута израмнивме на 21:21. Имавме можност и за предност, откако Анѓелвски одбрани, а Кукуловски не успеа да го погоди празниот гол на Струга. Противникот повторно отиде на два гола позитива (22:24), но Ќосевски го враќа Јуниор во игра откако намали на еден гол негатива во 49 минута од натпреварот, додека со одличниот погодок на Карапалевски израмнивме на 24:24. Одлично играа момците на Стојан Петрушевски, нов одбранет напад и нов гол на Кукуловски, со што имаме водство од 25:24, тоа значеше и серија од 3:0 за црвено-црните. Струга имаше напад за плус два , не успева, затоа во контра напад погоди Крстевски за израмнување на 27:27. Андреј Петковски не дозволи Струга да се одлепи на два гола предност, откако одбрани седмерец на противнички играч, па Вардар Јуниор и понатаму беше во игра за бодови. Сепак победата е за екипата на Струга, која слави победа со резултат 28:30.

Дејан Кукуловски и Стефан Крстевски беа најефиксни кај Вардар Јуниор, и двајцата постигнаа по 6 голови.