Пионерските екипи на ФК Вардар забележаа победи на гостувањето кај екипата на Македонија Ѓ.П, во рамките на 25.пренствено коло.
Помладите пионери на Вардар стигнаа и до својот 19. триумф оваа сезона, откако во второто полувреме го скршија отпорот на противникот. Играчот на одлука беше Георг Стојановски, кој успеа во 77 и 83 минута да ја затресе противничката мрежа и да ги постави конечните 0:2 на овој дуел
Вардар: Јовчев, Марковски, Петковски, Стојчевски, Ѓорѓиевски (c), Трпезановски, Јовановски, Ѓорѓоски, Стојановски Тасевски, Живков.
Во игра влегоа уште и Давков, Мирков, Саит, Лозановски, Сељанац и Исмаиљи.
Пионерите на Вардар со денешната победа од 0:4 на две кола пред крајот го задржаа врвот на табелата. По првото полувреме на овој меч имавме водство од 0:2. Резултатот го отворивме во 12 минута кога за водство на Вардар од 0:1 погоди Харбин Речица, додека само девет минути подоцна нашата предност беше зголемена на 0:2, стрелец на голот беше Азер Омерагиќ. Истиов играч успеа во 68 минута да му донесе водство на Вардар и од 0:3, додека конечниот резултат 0:4 на овој меч ги постави Александар Ѓурковски. Ова беше вкупно 16.победа за вардаровите пионери.
Вардар: Китановски, Петејчук, Гугуљанов, Костовски, Крстевски, Игнатов, Радуловиќ-Величковиќ, Омерагиќ (c), Речица, Салиу, Ѓурковски.
Во игра влегоа Исени, Симев, Демири и Трајановски