За крајот на календарската година уште еден мотивирачки финансиски стимул за клубовите кои се натпреваруваат во Првата лига во женска сениорска конкуренција, преку Агенцијата за млади и спорт – дополнителни 500.000 денари кои Македонската кошаркарска федерација рамномерно им ги распредели на сите единаесет клубови.
Дел од овие клубови е и женскиот кошаркарски клуб Вардар на кој дополнителните финансии ќе му бидат добродојдени за подготовките за пролетниот дел. Во истиот не очекува вториот дел од лигата и Купот на Република Македонија каде го браниме трофејот од лани и ќе се обидеме да го освоиме третти пат по ред.
Раководството на Македонската кошаркарска федерација на крајот на минатата сезона успеа да обезбеди средства за да клубовите кои имаат пријавено екипа во барем две младински лиги не плаќаат котизација за учество, а покриени се и трошоците за исплата на таксите за официјалните лица на натпреварите.