„Групата не е баш за потценување. Сите ќе речат дека сигурно продолжуваме понатаму, но треба да бидеме внимателни. Исланд е многу опасен, незгоден е, а со него почнуваме. На пример, на претходното ЕП, на почетокот убедливо ја добија Шведска, а таа на крајот стифна до финале. Потоа играме со Јапонија, која има европски тренер, па ни доаѓа Македонија, која ја води мојот поранешен тренер. Неговиот стил го знам, мислам дека можам да помогнам и во подготовката за Македонците“, анализира Карачиќ, додавајќи дека на крај со Шпанија би сакале да се борат за првото место во групата.
Хрватскиот репрезенативец е еден oд најважните играчи на Вардар и во оваа нова, променета екипа. Можеби поинтересно за нас е неговите видувања кои ги дава за изминатата сезона и информациите за односот со сопственикот г-н Самсоненко.
„Со оглед на полусезоната во која имавме пет операции и две-три малку полесно повреди – јас сум задоволен. На крајот игравме, речиси, со јуниори, со втор состав, а се излезе супер – втори во ЛШ, први во СЕХА. Не е баш сјајно во клубот, но се држиме. Претседателот Самсоненко дојде на состанок и ни рече дека сѐ ќе биде добро. Тој е феноменален со години, имаме довеба во него и сакаме да му вратиме некои работи онака како што ние знаеме- вали Карачиќ.