Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Вардар го совлада ЖКК ГТЦ, Згонц во идеалниот тим на колото
Вардар го совлада ЖКК ГТЦ, Згонц во идеалниот тим на колото

Вардар го совлада ЖКК ГТЦ, Згонц во идеалниот тим на колото

Вчера во кугларницата “Мусандра“ во Гратскиот трговски центар во Скопје тимот на, ЖКК ГТЦ Мусандра ја пречека екипата на КК Вардар. Очекувано, вардарци дојдоа до победа, сепак дамите на ГТЦ одиграа еден одличен удел.

Победата дојде со резултат 7-1, во сетови триумфиравме 19 спрема 5. Вардарци имаа 3121 „соборено дрво“, ривалките дојдоа до бројката 2937. Кај нас искусниот Марјан Згонц дојде до резултат број еден, тој собори 552 „чуња“.  Новото засилување оваа година, Зоран Ристиќ дојде до бројката 531, што беше доволна за втор скор.

zgonc

Воедно, Згонц  на топ-6 ранг-листата на ова 6.коло го зазема одличното второ место. Пред него во оваа рунда резултат имаше само Соколовски од Макпетрол.